Волф: Доминацијата на Макс Ферстапен е мотив за секој од нас

Крајот на доминацијата на Луис Хамилтон и Мерцедес во Формула 1 шампионатот донесе нова доминација, овој пат на Холанѓанецот Макс Ферстапен. Возачот на Ред Бул освои три последователни титули, а при последната надмина и бројни рекорди.

Според првиот човек на Мерцедес, Тото Волф тоа воопшто не претставува проблем за популарноста на Формула 1 шампионатот. Напротив бројките на следвеници растат, а и тимовите имаат дополнителна мотивација да го запрат „летечкиот Холанѓанец“.

„Бројките говорат сами за себе. Ни расте бројот на следбеници на социјалните мрежи, сите трки се полни и распродадени. Суштината е дека се се врти околку Форммула 1 спектаклот и луѓето тоа го сакаат. А, доколку се гледа само спортскиот аспект, Ред Бул и Фестапен доминираат и наша задача е да се обидеме натпреварувањето да биде поконкурентно. Сите останати тимови мораме подобро да работиме. Ние во Мерцедес се обидуваме да им парираме и верувам дека наскоро ќе успееме во тоа“, изјави Волф.

Се вчитува...