Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф изјави дека имале разработен план за моментот кога Луис Хамилтон ќе ги напушти нивните редови.
Австриецот изјави дека причината поради која потпишале договор со Хамилтон, седумкратниот светски шампион во Формула 1 само две години, е тоа што сакаат да имаат отворено место за 17-годишниот Андреа Кими Антонели.
Нему би требало да му се даде празното место кога Хамилтон ќе замине во Ферари следната година, а Волф изјави дека не сака да ја повтори грешката од минатото.
„Бевме во ситуација да можевме да му дадеме шанса на Макс Ферстапен, но тоа не се случи бидејќи ги имавме Хамилтон и Розберг и едноставно немавме место во кокпитот, а шансата потоа ја искористи Ред Бул. Му дадоа договор со Торо Росо, со опција следната сезона да вози за Ред Бул. Го загубивме, а сега гледате колку е успешен“, изјави Волф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА