Младиот возач на Ферари, Шарл Леклерк имаше одличен викенд во Бахреин, каде само лошата среќа го спречи да се радува на првата победа во Формула 1 шампионатот. Шефот на Мерцедес, Тото Волф по трката вели дека тоа што во видел од Леклерк во Бахреин е доволно за да каже дека возачот од Монте Карло, е подготвен за освојување на титулата во најбрзиот шампионат во светот.
„Во Леклерк гледам млад возач кој е шампион во изработка. Беше најбрз во Бехраин, само недостигот на среќа му ја одзема победата. Леклерк е скромен, млад човек кој е исклучително брз на патеката. Комбинацијата меѓу брзината, личноста и способноста за прикривање на емоциите е одлична комбинација. Знам дека многу други возачи контроверзно би реагирале на третото место, но тој беше смирен“, изјави Тото Волф.
Mерцедес во Бахреин стигна до еден-два победа, поради проблемот на болидот на младиот возач на Ферари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА