Мерцедес нема по добро да ја памети Големата награда за Катар која донесе судир на клупските колеги Луис Хамилтон и Џорџ Расел уште во првиот круг. Поискусниот Британец во обид да престигне, удри во неговиот помлад колега за што прифати и вина, а воопшто не го дочека крајот на трката.
По целиот инцидент сега се огласи и првиот човек на тимот, Тото Волф кој вели дека е фрустрирачки кога ќе се судрат тимските колеги, но верува и дека ова ќе биде поука за иднината.
„Како екипа никогаш не сакате вашите два болиди да бидат учесници во судар. Тоа фрустрира бидејќи изгубивме многу бодови. Меѓутоа верувам дека од ова ќе извлечеме поука и поради тоа ќе бидеме уште посилни. Нема зли мисли и сите сме фокусирани на следниот натпреварувачки викенд во Остин“, изјави Волф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА