Волф: Само прашање на време е кога Хамилтон ќе го продолжи договорот

На гласините за можно заминување на Луис Хамилтон од Мерцедес и премин во Ферари каде ќе атакува на рекордниот шампионски трофеј во Формула 1 се чини дека им се ближи крајот. Британецот има уште шест месеци од договорот со британскиот тим, а се поголема е веројатноста да продолжување на соработката.

Ова го нагласи првиот човек на Мерцедес, Тото Волф кој очекува во следните денови седумкратниот шампион да потпише нов договор.

„Очекувам дека во следните денови ќе го официјализираме договорот. Се надевам дека тоа ќе биде пред Големата награда на Канада во Монтреал. Имаме многу добар однос поради кој се плашам од моментот кога ќе разговараме за пари“, вели Волф.

Се вчитува...