Волф со блесок ја однесе Германија во финале

Ракометарите на Германија се први учесници во финалето на ЛОИ во Париз, откако во полуфиналето ја совладаа селекцијата на Шпанија со 25-24. Херој на мечот беше Андреас Волф, голманот на Германија, кој имаше 21 одбрана, и тоа во клучните мигови спаси неколку чисти голови, овозможувајќи и на својата селекција борба за медал во Париз.

Речиси во целиот меч Германија беше во предност, освен пред самиот крај кога Шпанците стигнаа два пати до позитива од еден гол. Но, тука беше Волф кој најпрво не дозволи на „фуријата“ да се одлепи, а кога беше „егал“ ја остави својата селекција во игра за победа, и на крајот дојде до неа.

Во натпреварот во кој правда делеа Начевски и Николов, Усшинс беше најефикасен со шест гола, додека кај Шпанија тоа беше Фернандез со пет.

Се вчитува...