Директорот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека болидот на тимот може да покаже напредок на претстојната трка за Големата награда на Австрија во Формула 1.
Откако го претставија новиот концепт и надградбите на болидите на трката во Монако, Мерцедес завршија на второто и третото место во Шпанија, додека Луис Хамилтон заврши трет на последната трка во Канада.
Нови, поголеми подобрувања ќе бидат претставени од Мерцедес во Силверстон на 9. јули, но Волф се надева дека тимот веќе ќе покаже напредок оваа недела во Австрија.
„Нашата цел е да го продолжиме тоа што го направивме на последните две трки и да ја продолжиме позитивната траекторија на нашиот болид. Тоа е патека по која нашиот болид треба да оди,но ние не земаме ништо здраво за готово. Како и секогаш, ќе дадеме се од себе за да го извлечеме максимумот од тоа и да постигнеме добри резултати“, изјави Волф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА