Волфсбург и натаму „живее опасно“ по поразот од Менхенгладбах на домашен терен

Екипата на Волфсбург го запиша и 14. пораз во првенството, со што и натаму е во опасната зона, со оглед дека бега „само“ пет бодови од 16. место кое носи пласман во баражот, и шест бода од испаѓање.

И покрај тоа што добро тргна на натпреварот со Борусија Менхенгладбах, сепак, на крајот загубија на крајот со убедливи 1-3. Ридле Баку во 7. минута донесе предност за „волците“.

И кога се чинеше дека ја имаат контролата, Итакура во 52. минута донесе израмнување за гостите, и тука домашниот брод почна да тоне. Нгуму во 59. минута донесе пресврт, а Рејц во 88. минута ги постави конечните 1-3.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...