Германскиот бундеслигаш Волфсбург му врачи отказ на хрватскиот стратег Нико Ковач по новиот пораз кој го претрпе овој клуб од Аусбург во 26. коло од елитното фудбалско првенство.
Крајниот резулат од 1-3 воедно ја продолжи и катастрофалната серија резултати на Волфсбург со тоа што тимот не знае за триумф во последните единаесет одиграни средби.
Отказот го потврди и директорот на клубот, Марсел Шефер кој му се заблагодари на Хрватот за досегашната соработка и му посака се најдобро во иднина.
„По поразот од Аугсбург и анализата на играта и моменталната ситуација, донесовме одлука да ја прекинеме соработката. Жалиме за ваквиот развој на настаните, но веруваме дека ова е вистинскиот потег кој ќе му го даде потребниот поттик на тимот. Им благодариме на Нико Ковач, неговиот брат Роберт и Арон Бригс и им посакуваме се најдобро во иднина, и лично и професионално“, изајви Шефер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА