Игнасио Камачо ќе ги засили редовите на бундеслигашот Волфсбург. Шпанецот ги договори личните услуги со клубот, а Малага ја прифати понудата од 15 милиони евра. Камачо пристигнува како замена за Луиз Густаво, кој потпиша за Олимпик Марсеј за сума од 8 милиони евра.
Поранешниот играч на Атлетико Мадрид не се појавил на првиот тренинг од подготовките за новата сезона, што значи дека трансферот е во завршна фаза. Боите на Малага ги брани од 2011 година, од тогаш има одиграно 201 натпревар, а мрежата ја тресел 19 пати.
Камачо во кариерата ги поминал сите младински категории на шпанската репрезентација, додека за сениорскиот тим на „фуријата“ забележа само еден настап во 2014 година.
Со овој трансфер Малага ќе ги инвестира парите во друг шпански фудбалер, желбата на клубот е Хави Гарсија од Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА