Волфсбург тоне кон „Цвајте“, Хамбургер триумфираше во меч со три пенали (ВИДЕО)

Хамбургер направи големо изненадување и го совлада тимот на Волфсбург и тоа на гостински терен со 1-2, и така ги доведе „волците“ во ситуација да се борат за својот опстанок во Бундеслигата. Сега се на претпоследното место, но резултатите не гарантираат дека некогашниот шампион ќе успее во својата мисија.

А, се добро почна за Волфсбург. Гол од пенал на Ериксен и предност во 22. минута. Сепак, од белата точка стрелаше и Лука Вушковиќ на другата страна во 33. минута.

Во вториот дел нов пенал за Хамбургер. Во 58. минута во гол го претвори Домпе, за голем триумф на Хамбургер, кој е блиску да го избори опстанокот, додека за Волфсбург следува „пекол“ во финишот на Бундеслигата.

Лигата на шампионите стана возможна мисија за тимот на Хофенхајм кој со 2-4 славеше на гостувањето кај последнопласираниот Хеденхајм. Лајпциг се врати во игра за места во европската „елита“ со триумфот над Аугсбург од 2-1 во последните мигови од мечот.

Фрајбург и Баер Леверкузен одиграа супер ефикасен меч кој заврши 3-3, а Мајнц и Штутгарт исто така одиграа нерешено 2-2.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...