Волфсбург е најпријатно изненадување по првите две кола од Бундес-лигата, откако овој клуб освои максимални шест бода против силни противници. Откако во првата рунда славеше над вицешампионот Шалке, денеска Волфсбург триумфираше и на тешкото гостување против Баер Леверкузен со 1-3. Бејли ги донесе домаќините во водство, но фудбалерите на Волфсбург одговорија извонредно и преу Озкан (автогол), Вајнхорст и Штефен стигнаа до големи три бода.
Изненадувачки, Баер Леверкузен по првите две кола нема освоено ниту еден бод, па „фармацевтите“ се наоѓаат на дното на табелата.
Хофенхајм со пресврт во второто полувреме стигна до цел плен против Фрајбург, славејќи со 3-1. Гостите поведоа со голот на Хајнц, но Шалај со два гола на спротивната страна им донeсе цел плен на домаќините на оваа средба. Точка на мечот во 95. минута стави Андреј Крамариќ.
Резултати Германија:
Аугсбург – Борусија М. 1-1, Хофехајм – Фрајбург 3-1, Баер Л. – Волфсбург 1-3, Нирнберг – Мајнц 1-1, Ајнтрахт – Вердер 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА