Рускиот борач Ислам Махачев, ја одбрани титулата светски првак во лесна категорија на УФЦ на настанот УФЦ 284 одржан во Перт, Австралија.
Рускиот борач после пет рунди со одлука на судијата го сочува појасот, соладувајќи го Александар Волкановски. На крајот на гласањето на арбитрите беше 49:46 една, и и два пати 48:47 во корист на Махачев.
Волкановски беше многу блиску, затоа што во неколку навради сериозно го раздрма ривалот, но не успеа до крајот да го „скрши“. Махачев сега има скор од 24-1 во кариерата, додека Волкановски има 24-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА