Волкановски е убеден: Ќе си го вратам појасот, запомнете што сум ви рекол

Александар Волкановски не го крие разочарувањето откако со поразот од Илија Топурија го загуби шампионскиот појас во УФЦ, но Австралиецот со македонски корени е убеден дека експресно ќе се врати на тронот.

„Ова е луд спорт, не може секогаш да победуваш. Некогаш си чеканот, некогаш си шајката што ја удира тој чекан. Јас многу пати досега бев чеканот, уништив бројни забави на многу луѓе. Илија си ја заврши работата и заслужено победи“, го призна поразот Волкановски.

Топурија веднаш по победата изјави дека е подготвен да му даде шанса за реванш на Волкановски, кој е подготвен за предизвикот.

„Сега ми е потребен малку одмор, но следниот пат ќе биде сосема поинаку. А дефинитивно го сакам тој реванш. Можеби ќе биде во Шпанија, слушам дека тоа е земјата во која сака да се бори Илија. Во секој случај, очекувам тоа да се случи во вториот дел од годинава. Кога ќе дојде таа борба, ќе направам се ко што треба. Ќе си го вратам појасот, запомнете што сум ви рекол“, им порача Александар Волкановски на своите фанови.

Се вчитува...