Македонскиот боксер со австралиски пасош, Александар Волкановски најави напад на титулата во перолесна категорија. Верува дека ќе добие меч за паметење против најдобриот борец во категоријата, Дастин Порие.
Волкановски во февруари доживеа тежок пораз од младиот Илија Топурија, по нокаут во втората рунда, со што ја загуби светската титула. Сето тоа многумина го припишаа на тоа што пребрзо се врати во рингот по нокаутот од Махачев.
„Затоа сега не брзам, па моментов го правам она што требаше да го направам и по нокаутот од Махачев. Тоа секако одигра улога во поразот. Но, тоа е мојот менталитетот, не се плашам од предизвик и веднаш го прифаќам. Затоа сега знам дека мојата следна борба во перолесна категорија ќе биде за титулата, и ништо помалку. Им кажав на УФЦ дека сакам да почекам до крајот на оваа година, десетиот, единаесетиот или дванаесетиот месец. Мислам дека тие целат на септември. Ако битката против Порие се случи, тогаш ќе треба да чекам долго време за шанса за титулата во перолесна категорија. Ништо не е зацртано, но подготвен сум повторно да си го вратам појасот“ – вели Волкановски.
Јасно е дека Волкановски силно го посакува мечот против Порие. Но, тоа ќе зависи и од тоа дали Порие ќе се пензионира во следните неколку месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА