Волкановски ја одбрани титулата и влезе во елитното друштво на Нурмагомедов

Александар Волкановски ја одбрани титулата во „перо категорија“ во УФЦ откако славеше на борбата со Макс Холовеј, врзувајќи фантастични 22 победи во низа.

Австралиецот со македонско потекло делуваше извонредно во текот на целата борба и заслужено славеше со едногласна одлука на судиите, продолжувајќи ја доминацијата во својата категорија.

Волкановски стана само четвртиот борец во историјата што триумфирал на своите први 12 борби во УФЦ, приклучувајќи се во елитното друштво на врвните шампиони Андерсон Силва, Камару Усман и Хабиб Нурмагомедов. Воедно, Волкановски стана прв борец во историјата на УФЦ што три пати победил ист ривал во борбите за титулата.

Се вчитува...