УФЦ 294 донесе спектакуларни борни, а победите ги однесоа Хамзат Чимајев и Ислам Махачев. Макачев беше подобар од Македонецот Александар Волкановски.
Волкановски пред 12 дена прифати меч со Махачев, а потоа брутално беше поразен од рускиот борец, еден од најдобрите ММА фајтери на светот.
Се беше готово уште во првата рунда. После почетното испитување на силите, и после неколку обиди за удар кои биеа изблокирани, Махачев успеа да го погоди Волкановски со нога, што беше доволно тој да падне во оградата. Беше тоа повик рускиот борец да го заврши мечот, и со разорни удари во главата не му даде никакви шанси на Александар.
MAKHACHEV KNOCKS OUT VOLK IN ONE ROUND #UFC294 pic.twitter.com/pQIuPphgvW
— OOC MMA (@oocmma) October 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

