Волкановски по големата победа: Устата ми е отечена, едвај јадам, но …

Александар Волкановски се врати на тронот во својата категорија во ММА откако во голем стил стигна до победата во последната борба против Лопез. Австралиецот кој има македонски корени веќе се врати во татковината, каде даде видео-изјава во која се пошегува и за својата борба со Лопез.

„Имам исекотини, устата ми е отечена, едвај јадам… Лопез беше навистина тежок ривал, тој е добро момче, не сака да ме гледа како патам… Сепак, ако му треба утеха по поразот, само нека ме види како изгледам по борбата. Беше навистина добар“, коментираше Волкановски, со видни повреди на лицето по тешката борба.

Засега не се знае точно кој ќе биде следниот предизвикувач на големиот шампион, но медиумите кои следат ММА најавуваат дека тоа речиси сигурно ќе биде Русинот Евлоев.

„Ми се допаѓа фактот дека Евлоев нема пораз во досегашниот дел од кариерата. Исто така, тој е член на помладата генерација во нашиот спорт. За она што јас сакам да го оставам зад себе како наследство кога ќе се повлечам, победа над Евлоев навистина би ми значела многу“, порача Александар Волкановски.

Се вчитува...