Волкановски по одбраната на титулата: „Ми беше жал за противникот што го удирав силно пред неговата сопруга “

Александар Волкановски има 11 победи во 11 настапи во УФЦ, а до новата титула дојде откако го совлада Чанг Сунг-Јунг, кој е познат под прекарот „корејски зомби“. Австралискиот борец со македонско потекло по одбраната на трофејот, призна дека последниот ривал го прашал дали навистина сака да го продолжи мечот.

Рече дека му било жал да му го прави тоа пред сопругата.

„Бев токму добар што дури почнав лошо да се чувствувам. Го прашав дали е добро, дали сака да продолжи со ова? Изгледаше поразен, во целина тоа беа силни удари. Почнав да се чувствувам лошо. Зборуваше за заминување во пензија. Се чувствував лошо затоа што му го направив тоа пред неговата сопруга“, изјави Волкановски.

Волкановски кажа дека планира да се пресели во лесна категорија, и со тоа да се бори за титулата со Чарс Оливер, актуелен првак, и така да стане птти двоен првак во историјата на УФЦ.

Се вчитува...