Волкановски со македонското знаме на шорцевите ќе настапи на УФЦ 314 (ВИДЕО)

Еден од најдобрите ММА борци во историјата, Александар Волкановски ќе има нов настап во октагонот овојпат на УФЦ 314.

Тој ќе се обиде да се врати на победничките патеки во борбата во Мајами против Бразилецот Диего Лопес.

Интересен момент за претстојната борба е специјалниот шорц кој ќе го носи Волкановски, на кое во позадина го има македонското знаме во чест на неговиот татко, кој е од селото Беранци.

Се вчитува...