Волкановски вети спектакл каков не е виден досега: „Викендов ја враќам титулата!“ (ВИДЕО)

Македонецот Александар Волкановски е максимално подготвен да се соочи со Диего Лопез престојниов викенд и покаже дека се уште е вистински шампион во перо-категоријата, во битката за титулата како водечка борба на УФЦ 314 настанот кој ќе се одржи во Мајами, САД.

Волкановски претходно ја загуби титулата од Илија Топурија, а исто така беше нокаутиран и од Ислам Махачев во борба за појасот во лесна категорија, но сега вели дека се враќа посилен од било кога.

Волкановски ветува дека повторно ќе биде доминантен шампион, иако навивачите со скепса гледаат на сето тоа.

„Диего е агресивен, но ќе го искористам тоа против него. Знам точно како да се соочам со него. Нема да биде лесно финале, но ветувам дека тоа ќе биде едно од најдобрите враќања досега. Ја враќам оваа титула во Австралија и ќе ја бранам. Пораснав како борец. Сега е време да им покажам на сите дека се уште го носам шампионот во себе. Дали сум се уште истиот борец? Дали сум премногу стар? Одговорив на овие прашања и повторно се пронајдов себеси“ – вели Волкановски.

Волкановски има професионален ММА скор од 26-4. Пет пати успешно ја бранеше титулата во перо категорија. Тој меѓу другите ги победи Макс Холовеј, Брајан Ортега, Жозе Алдо, Чад Мендез, Чан Сунг Јунг и Јаир Родригез. Сега против Диего Лопез сака да покаже дека е оној вистинскиот.

Се вчитува...