Волшебникот Рикардињо е МВП на Европското првенство во футсал

Португалскиот футсал волшебник Рикардињо сосема заслужено е прогласен за најкорисен играч (МВП) на Европското првенство во футсал што се одржа во Словенија. Неговата репрезентација го освои златниот медал, откако во финалето, по голема борба и продолженија, ја совлада Шпанија со 3-2, а тој се повреди токму во клучните моменти. Но, магијата што ја прикажуваше во текот на целиот шампионат секако дека му ја донесе оваа награда.

Признанието на Рикардињо му го додели првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин.

Се вчитува...