„Волшебникот“ во футсал кажа крај!

Еден од најдобрите играчи на футсал, португалскиот играч Рикардињо, објави крај на кариерата.

Тој денеска најави дека после 18 години кариера се повлекува од активното играње мал фудбал, еден месец откако првпат стана светски првак, а претходно со Португалија ја освои и европската круна.

„Денеска дојдов да објавам крај на циклусот, иако ме боли. Тоа без сомнение беше незаборавно патување. Почнав да гледам наназад и да се сеќавам на денот кога почнав пред 16 години. Знаев дека ќе бидам најдобар, но не знаев дека патот ќе биде така совршен. Ова е најтешката одлука во кариерата, но мислам дека е време да им отстапам место на помладите и чувствувам дека и дадов на репрезентацијата се што можев. Се надевам дека ја разбирате мојата одлука. Горд сум Португалец и ќе продолжам понатаму да ги бодрам како навивач“, рече Рикардињо.

Рикардињо кој има 36 години, шест пати беше најдобар футсалер. Почна во Бенфика, па играше во Париз, НАгоја, ЦСКА МОсква, Интер Мовистар во Шпанија, и освои повеќе до 30 трофеи и три УЕФА футсал Лига на шампионите.

Се вчитува...