Ливерпул го заврши настапот на ФА купот многу рано, уште во 1/32-финалето, откако загуби со 2-1 на гости кај Вулверхемптон. Тимот на Јирген Клоп не настапи во најсилен состав, но, сепак, „црвените“ не понудија игра која ќе биде доволна за пласман во следната рунда.
Раул Хименез во 38.минута го доведе домашниот тим во водство, но Ориџи одговори во 51.минута за израмнување. Сепак, Рубен Невеш само четири минути подоцна повторно донесе предност за Вулверхемптон, што на крајот беше доволно и за триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА