Вон: Шифрин поставува нови стандарди, рекордот е одличен за нашиот спорт

Поранешната американска скијачка Линдзи Вон изјави дека е среќна што Микаела Шифрин го израмнила нејзиниот рекорд за најмногу победи во Светскиот куп.

Микаела Шифрин славеше во велеслаломот во Крањска Гора и со тоа стигна до 82. победа во кариерата во Светскиот куп, со што го израмни рекордот на Линдзи Вон, која пред четири години ја заврши кариерата.

Таа истакна дека рекордите се таму за да се уриваат и дека тоа е знак за напредок.

„Навистина сум среќна за Микаела. Рекордите се таму за да се соборуваат и тоа е знак за напредок. Ако некој ќе ми го собори рекордот, навистина сум среќна што тоа го направи Американка. Таа ќе продолжи да ги поместува границите и да ги инспирира другите Американци. Имаше многу жени кои ми го отворија патот, а сега е нејзин ред да го отвори патот за следната генерација“, рече Вон.

Се вчитува...