Една од најголемите ѕвезди во скијањето, Линдзи Вон, сè уште се опоравува од ужасна повреда која ја заработи на Зимските олимписки игри, кои неодамна завршија во Милано и Кортина.
Американката имаше голема среќа, бидејќи постоеше можност да и се ампутира ногата, што беше потврдено од лекарите. Таа буквално беше на неколку моменти од тоа да стане инвалид.
Сега излезе и го даде своето прво интервју по несреќата, а во интервјуто за „Vanity Fair“ зборуваше за голем број теми.
„Бев најдобра на светот, на пат кон олимписки медал, а сега седам во инвалидска количка – беа зборовите на Линдзи Вон. Ногата ми беше скршена, а јас сè уште бев на скии. Таа беше згмечена, а јас не можев да ги одврзам врвките. Не можев да се движам и врескав за помош. Само ми требаше некој да ги откачи тие скии. На средина од прегледот, се препотив. Болката беше интензивна. Врискав да ме извлечат, бидејќи болката се влошуваше. Воопшто не се помрднав. Болката ми го проби мозокот“, изјави Вон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

