Вондроусова е прва четвртфиналистка на Вимблдон

Чешката тенисерка Маркета Вондроусова е прва четвртфиналистка на Вимблдон откако славеше против сонародничката Мари Боузкова со 2-1.

Првиот сет и припадна на Боузкова која славеше со 6-2, но до крајот на мечот следеше доминација на Вондроусова која прво изедначи добивајќи го вториот сет со 6-4, а потоа и одлучувачкиот со 6-3.

Се вчитува...