Вондрушова го освои Вимблдон за прва грен-слем титула во кариерата

Сензација во женското финале во Вимблдон. Маркета Вондрушова од Чешка го освои првиот грен-слем турнир во кариерата, иако оваа година дојде во Вимблдон како аутсајдер, сепак, на крајот дојде до титула откако во финалето ја совлада Он Жабур со 2-0, во сетови 6-4, 6-4.

Вондрушова во своето второ финале на грен-слем турнирите, успеа да дојде до трофејот и така да ја надмине конкуренцијата на овој турнир. Претходно чешката тенисерка играше финале на Ролан Гарос во 2019 година.

Тенисерката од Чешка стана првата која како неносителка стигнала во финале на Вимлдон.

Се вчитува...