Баерн Минхен доживеа дебакл на „Алијанц арена“ губејќи од Борусија Менхенгладбах со 0-3. Кризата е веќе очигледна, има незадоволство и меѓу фудбалерите од односот на Нико Ковач, па првите луѓе на клубот, Карл-Хајнц Румениге и Ули Хенес заминаа на итен состанок со шефот на стручниот штаб.
Можно е Нико Ковач да добие експресен отказ, со оглед дека истите проблеми Баерн Минхен ги имаше и кога Карло Анчелоти настрада, а потоа Јуп Хејнкес го препороди тимот. Баварскиот клуб по седум одиграни кола во Бундес-лигата има 13 бода, четири помалку од лидерот Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА