Вонземски тенис и финале за Ѓоковиќ во Париз, Федерер ќе почека за „100“

Во меч со атомски тенис, Федерер и Ѓоковиќ ги демонстрираа сите квалитети на виртуози на белиот спорт, а последниот, трет сет дури по тај-брејкот му ја донесе победата на Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови. За 22. победа во низа, српскиот тенисер беше поуспешен во тај-брејкот од решавачкиот сет со 7-3 и ја зголеми предноста во меѓусебните дуели со Федерер на 25-22. Швајцарецот ќе мора да почека на 100. АТП титула во кариерата.

Во прилично израмнетиот воведен сет, Ѓоковиќ не искорити две брејк топки, двајата тенисери контиуирано го добиваа својот сервис, па тај-брејкот го решаваше освојувачот. Федерер пропушти и сет топка во тај-брејкот и потоа имаше врзана серија лоши поени од што профитираше Ѓоковиќ кому му припадна сетот по 8-6 во тај-брејкот.

Речиси идентично се одвиваше и вториот сет, брејк-шансите беа ретки, ги имаше само на почетокот од сетот, а тенисерот на сервис успеваше да се одбрани. Така беше се до 12. гем во кој Швајцарецот конечно успеа да освои сервис на Ѓоковиќ и да го добие сетот со 7-5 и да се избори за решавачки трети сет.

Утре во финалето, Ѓоковиќ ќе игра против младиот руски тенисер Карен Хачанов кој во полуфиналето забележа победа од 2-0 во сетови над Доминик Тим.

 

 

 

Се вчитува...