Француската министерка за спорт Амели Кастер не ја интересира мислењето на Владимир Путин во врска со условите за учество на руските спортисти на Олимписките игри.
Кастер нагласи дека мора да се почитуваат правилата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
„Не ни е важно што мисли Путин. Ова се правилата поставени од ИОК, а ИОК има овластување да одлучи кој ќе учествува, а кој не. Мораме да ја воспоставиме оваа рамка и да обезбедиме таа да се почитува до крај и направи се за руската сила да не го искористи спортот за своја слава“, изјави Кастер.
Путин во средината на декември рече дека ИОК ризикува да го поткопа олимпиското движење со тоа што одлучи руските и белоруските спортисти да учествуваат на Игрите во Париз како неутрални, без знаме, химна или државни симболи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА