Работите за првото место во групата во светските квалификации, зависат и од другите натпревари до крајот. Еден од нив е во исто време со нашиот, оној во Кардиф помеѓу Велс и Белгија.
Доколку триумфира Белгија, тогаш шансите за прво место на Македонија ќе останат невозможни, а триумф на Велс или нерешено, прави да Македонија ќе мора да атакува на триумф во последното коло на гости кај Велс, но најпрво ќе треба да се добие Казахстан.
Селекторот Благоја Милевски на прашање каков резултат посакува на мечот помеѓу Велс и Белгија, рече:
„Искрено, нималку не размислувам за тоа што ќе биде таму. Единствено кое размислувам е како ние да дојдеме до три бода“, рече Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

