Вооружен грабеж во домот на Мората, сопругата и двете бебиња биле во куќата

Семејството на Алваро Мората претрпело огромен шок откако крадци провалиле во неговиот дом во Мадрид додека внатре биле сопругата Алис Кампело и бебињата близнаци, Алесандро и Леонардо. Мората во овој период е на репрезентативен повик во дресот на „црвената фурија“ и дознал на гостувањето во Торшавн.

За среќа, крадците успеале да земат тоа што сакале и не посегнале по животите на сопругата и двете деца. Одземени се голем број предмети со посебна вредност, а полицијата интензивно трага по сторителите, информираат медиумите во Шпанија.

Се вчитува...