Двократниот европски шампион Вардар триумфално го стартуваше настапот во новата сезона во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа, откако вечерва на домашен терен славеше над хрватски Сесвете со 34-29.
Тренерот на Сесвете Игор Вори изјави дека секоја чест на Вардар, но повторно неговите ракометари влегле со многу респект.
„Морам да кажам дека истата ситуација како и минатата година. Влегуваме во мечот со сета почит кон Вардар, но со премногу респект. Сепак, моите ракометари покажаа карактер откако двапати се враќавме од голема негатива. Сепак, овој меч за нас е голема школа. Во вториот дел заигравме подобро, но наш проблем беше тоа што немавме сила по 40 минута, а Вардар продолжи во ист ритам. Секој пораз не е убав, но Вардар заслужено победи, иако мислам дека разликата на крајот е преголема“, изјави Вори.
Слично размислува и ракометарот на гостите Иван Думенчиќ …
„Жал ми е бидејќи прикажавме добра игра. Сите видовте дека овие момци знаат да играат ракомет. Ситниците ја прават разликата во овој спорт, а овојпат ситниците не беа на наша страна. Подобриот противник победи денеска и се надевам дека во следните мечеви ќе бидеме подобри“, изјави Думенчиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

