Загреб е единствениот тим што сезонава два пати го совлада Вардар, по еднаш во ЛШ и во СЕХА-лигата, но членовите на хрватскиот шампион се свесни дека утрешниот дуел ќе биде најтежок досега за нив. Влогот за „црвено-црните“ е огромен, со триумф нашиот првак ќе се искачи на првото место во групата, па на хрватските ракометари им е јасно дека ќе биде многу тешко да се остане непоразен во СЦ „Јане Сандански“.
„Не се прославивме на натпреварот со Металург, но немаме време за плачење бидејќи пред нас е низа на напорни натпревари. Секој следен натпревар, како во ЛШ, така и во СЕХА, за нас е прашање на „живот“ и затоа е важно што поскоро да се фокусираме на следниот предизвик, во случајов пресметката со Вардар. Она што е важно е сите заедно да разбереме дека Вардар можеме да го победиме само со колективна игра, тоа беше нашиот рецепт на претходните две средби на кои славевме и треба во ист ритам да продолжиме и утре. Ниту еден поединец, без разлика колку квалитетна игра ќе прикаже, не може сам да го добие Вардар“ – изјави искусниот пивот Игор Вори.
Во однос на мечот со Металург, Загреб утре би требало да биде посилен за крилата Хорват и Цингесар, но затоа тренерот Ивандија се уште нема да може да смета на десниот бек Шебетиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА