Кошаркарите на Голден стејт вориорс продолжуваат со одличните партии на крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.
По вчерашниот триумф над Лејкерс, тие минатата ноќ славеа против уште еден голем ривал од Западната конференција, Денвер нагетс со 104-118.
Стеф Кари повторно беше најдобар поединец во таборот на победникот завршувајќи го мечот со 36 поени. Кај поразените недоволна беше новата одлична партија на Никола Јокиќ кој заврши со 33 поени.
Лос Анџелес лејкерс без проблеми славеа против Њу Орлеанс пеликанс со 124-108.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Јута 140-112, Шарлот – Сакраменто 102-125, Торонто – Детроит 105-117, Бостон – Феникс 123-103, Сан Антонио – Кливленд 113-114, Хјустон – Оклахома 125-111, Чикаго – Портланд 118-113 и ЛА Клиперс – Далас 114-91.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА