Првата ѕвезда на актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари се уште се нема целосно опоравено од повредата. Стеф Кари го повреди долниот дел од левата нога на почетокот на февруари по судирот на коленото со Мекинли Рајт од Далас и оттогаш не игра.
Според Вориорс, закрепнувањето на Кари оди добро, но се уште се чека неговото враќање на паркетот бидејќи го пропушти Ол-стар натпреварот и претходните 5 натпревари на неговиот тим.
„Знаеме дека ќе бидеме без Стеф одредено време, исто како и минатиот пат кога се повреди, па ќе мора заедно да најдеме решение. Сепак, имавме пет последователни победи, ја задржавме тврдината и планот е да продолжиме така и овој пат“, изјави тренерот Стив Кер.
Веднаш по паузата за Ол Стар, Вориорс ќе играат против Лос Анџелес Лејкерс, а потоа на домашен терен ќе имаат дуели со Хјустон, Минесота и Портланд. На почетокот на оваа сезона, Вориорс забележаа 6-5 во 11 натпревари без Кари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

