Кошаркарите на Голден стејт вориорс поведоа со 3-1 во четвртфиналната серија во Западната конференција против Хјустон рокетс откако синоќа славеа на домашен терен со 109-106.
Џими Батлер со 27 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволен беше 31 поен на Алпери Шенгун.
Кливленд ја заврши работата во првата рунда на Истокот откако со 4-0 славеше над Мајами. Кавалирс во последниот меч одигран на Флорида беше подобар од домаќинот со 83-138. Донован Мичел со 22 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Никола Јовиќ уфрли 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА