Првенството влегува во забрзан ритам. По натпреварот против Вардар во саботата, Струга Трим Лум денеска во Струмица, во 21. коло, ќе се соочи со АП Брера.
Арби Воша верува дека неговиот тим ќе стигне до првата пролетна победа, а лично чувствува дека се наоѓа во добра форма.
„Нè очекува тежок натпревар против многу незгоден противник. АП Брера е квалитетна екипа, со многу млади играчи кои сакаат да се докажуваат на секој меч. Знаеме дека ќе биде тешко, но ние сме Струга Трим Лум и на секој натпревар играме на победа. Така ќе биде и денеска, и силно верувам дека од ова гостување ќе се вратиме со три бода“, додаде Воша.
Тој истакна дека во краткиот период што го имале на располагање се обиделе детално да го анализираат противникот.
„Го анализиравме ривалот, станува збор за тежок противник, а плус тие играат на домашен терен. Сепак, како што нагласив, нас нè интересираат само трите бода“, порача Воша, кој сезонава на 20 натпревари има ефект од два гола и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

