Воска го договори Усман Маронг

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига Воска го престави своето ново засилување. Се работи за 24-годишниот интернационалец од Гамбија Усман Маронг.

Маронг во Охрид доаѓа од српска Сурдулица, а ова нема да му биде прв ангажман во ПМФЛ бидејќи во сезоната 2021/2022 беше дел од Академија Пандев.

Се вчитува...