Воска го промовираше и Црногорецот Николиќ (ФОТО)

Црногорскиот фудбалер Јован Николиќ е најновото засилување на дебитантот во Првата лига, екипата на Воска спорт од Охрид.

Николиќ доаѓа од Сутјеска Никшиќ откако веќе на стартот од сезоната одигра три натпревари во Конференциската лига и еден во првенството, потпишувајќи сега двегодишен договор со Воска.

Зад себе во кариерата има четири шампионски титули во Малезија, една со Сутјеска во Црна Гора како и два Купа на Црна Гора со истата екипа, а уште еден куп трофеј со екипата на Младост Подгорица. Во својата кариера има настапи и за Партизани од Тирана во албанскиот шампионат.

Се вчитува...