Воска Спорт веќе по првото пролетно коло му врачи отказ на црногорскиот стратег на клупата, Миљан Радовиќ.
По убедливиот пораз од Шкупи од 3-0 на Чаир, раководството на Воска Спорт се одлучи да ја прекине соработката со Радовиќ
Радовиќ го презеде тимот на Воска спорт во јуни минатата година и на 19 првенствени натпревари запиша 5 победи, 5 нерешени и 9 порази. Црногорецот, сепак, успеа да ги донесе охриѓани и до полуфиналето на Купот на Македонија.
46-годишниот Радовиќ е поранешен тренер на Сутјеска, Грбаљ и Дечиќ. Со Грбаљ има пласман и во финале во Купот на Црна Гора во 2017 година, а со Сутјеска, во сезоната 2020/21, и со Дечиќ во сезоната 2021/22 имаше настапи во УЕФА Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

