Второлигашките клубови кои атакуваат на влез во елитното друштво продолжуваат да се засилуваат, откако Воска денеска доведе ново засилување во своите редови.
Станува збор за Оливер Христов, 26-годишен дефанзивец кој доаѓа во Воска од редовите на Детонит, а минатата сезона ја мина во дресот на Победа, клуб со кој ја освои титулата во Втората лига и обезбеди влез во елитата. Христов претходно во кариерата има настапувано и за Брегалница Штип, Саса и за екипата на Пехчево.
Најголемо засилување на Воска за вториот дел од сезоната дефинитивно ќе биде доскорешниот капитен на Македонија ЃП, Ермедин Адем, кој пред новогодишните празници му се приклучи на амбициозниот клуб од Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА