Воска се засили со стоперот Исмаили

Новиот прволигаш Воска Спорт објави дека постигнала договор со стоперот Фати Исмаили. Исмаили доаѓа од редовите на Работнички, а претходно настапуваше за тимот на Шкупи во шампионските денови.

Претходно Воска доби нов тренер во името на Миљан Радовиќ кој ќе биде на клупата во прволигашката сезона.

Исмаили е прво засилување за тимот во овој летен преоден рок, а договорот со клубот е на една година.

Се вчитува...