Воска успеа да остане непоразена во Кратово против Силекс и обезбеди пласман во баражот за влез во Првата лига, успех што охридскиот клуб еуфорично го прослави.
Притоа, охриѓани не ја пропуштија можноста да го „пецнат“ ривалот Вардар, кој остана зад нив и во следната сезона повторно ќе игра во вториот ранг на натпреварување во мак-фудбалот.
„Второ место, пред Вардар сме….Напред Воска. Па-па Гачевски“, порачаа охриѓани во објавата на официјалната фејсбук-страница, крај фотографијата со прославата од соблекувалната во Кратово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА