Воска спорт донесе Нигериец кој има играно во Турција

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига Воска спорт објави дека од денеска дел од тимот е Нигериецот, Сикиру Олатунбосун со кого потпиша двегодишен договор.

Тој е крилен напаѓач кој во Охрид доаѓа како слободен играч oткако минатата сезона ја помина во Тузласпор во турската прва лига.
Тој во Турција играше и во Менеменспор и Анкараспор, а се докажа и во Египет играјќи за екипата на Сммуха.

Инаку, кариерата ја започна во  Нигерија во екипата на МФМ ФК каде настапуваше и за Плато Јунајтед и Риверс Јунајтед.

Се вчитува...