Последнопласираниот тим на табелата, Воска Спорт наскоро ги почнува подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој тимот ќе се бори за опстанокот во Лигата. Тимот за таа цел назначи нов тренер во името на Сафет Ишлер од Турција.
Ишлер во минатото бил тренер во Ван Спор и во академијата на Бешикташ.
Воедно, тимот на Воска пред неколку дена ангажираше три нови имиња: Филип Валенчиќ, Туре Сира и Оива Лаксонен во обидот да се избегне испаѓање од прволигашката конкуренција.
Екипата на Воска исто така ги демантираше најавите дека ќе се сели од Охрид. Потврди дека се во преговори за реструктуирање на клубот во раководните структури, но целосно демантирање на селидба во Гостивар.
„Сакаме да ја информираме јавноста и нашите навивачи дека се во тек преговори за реорганизација во раководните структури, во насока на посилна визија и повисоки амбиции во иднина. Во таа насока сакам да известиме дека клубот нема намера да го смени името, ниту градот каде што ќе ги игра мечевите. Воска Спорт останува дел од Охрид, и ќе продолжиме да играме во нашиот град“, стои во соопштението на Воска Спорт на „Фејсбук“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА