Воска Спорт пред дилема: Да се откаже од настап во Прва лига, или да игра со младинци?

Ситуацијата во Воска Спорт не е нималку наивна. Клубот кој доживува вистински егзодус, откако веќе речиси сите играчи си заминаа од охридскиот прволигаш. Воска Спор остана во Првата лига, но многу прашалници се надвиснати над овој тим, кој покрај обезбедениот опстанок, играше и финале на Купот на Македонија, кое не го доби. Од таму тргна егзодусот, си заминаа клучните играчи, си замина и тренерот.

ЕКИПА дознава дека Воска Спорт можеби нема да се натпреварува во Првата лига идната сезона. И покрај тоа што после подолго време шред два дена објави дека подготовките ги почнува денеска во Охрид под водство на Сеит Крека, сепак, од клубот и натаму се во дилема, дали во новата сезона да настапат со младинци, а тоа би значело и „испаѓање“ уште пред да почне сезоната.

Од Воска Спорт си заминаа Захов, Стијеповиќ, Бајрами, Николиќ, Кочоски, Шаркоски, Јахја, Илиески… а се очекува да си замине и најдобриот стрелец Адам Марушиќ, како и останати играчи.

Останува да се види која ќе биде одлуката на раководството на овој клуб, кој ако вака продолжи и ако се реши да настапува во прволигашката конкуренција, ќе биде најголем фаворит за испаѓање во следната сезона.

Се вчитува...