Екипата на Воска Спорт денеска одигра без голови против Тиквеш, но го изрази револтот кон делењето на правдата, и одлуките на судиите во рамките од 13. коло во ПМФЛ.
„Повторените грешки на судиите Крумислав Ѓоргиев и Владимир Митревски директно влијаеа на резултатот и на играта, оштетувајќи го нашиот тим.
Како клуб веруваме дека овие лоши одлуки кои беа направени на овој меч не само што се нефер, туку се и неприфатливи за нашиот тим и му носат лошо и на шампионатот.
- Во 61. минута од мечот нашиот тим беше оштетен за пенал
- Во 75 минута од средбата ни беше поништен гол, иако нашиот играч беше во регуларна позиција
- Во 89 минута имаше игра со рака за нашиот тим во казнетиот простор, но судијата Ѓоргиев не досуди ништо
Воска Спорт исто така објави и видео од спорните моменти
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА