Воска убедлива против Вардар, Шкендија со предност во Кавадарци, Шкупи, Брегалница и Работнички водат на домашен терен (ВИДЕО)

Воска спорт води во Охрид против Вардар со 2-0 по првото полувреме во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Предност од 1-2 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци има и Шкендија, а водство на домашен терен по првите 45 минути имаат Брегалница против Гостивар, Шкупи против Силекс и Работнички против Македонија ЃП.

Воска поведе против Вардар со голот на Јашаровски во 26. минута од средбата, кој успеа да искористи едно невнимание во вардаровата одбрана.

Повторно Јашаровски во 32. минута зголеми и на 2-0…

Шкендија дојде до предност од 0-2 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со головите на Чинари во 24. минута и Дашмир Елези во 32. минута.

Тетовци дојдоа до предност благодарение на феноменалната акција во 24. минута од средбата. По извонредно двојно проигрување, Чинари со волеј-удар погоди во горниот агол од голот на домашните за предност од 0-1…

Веќе во 37. минута брз контранапад на Шкендија, а Дашмир Елези го круниса со гол за 0-2.

Сепак, Тиквеш успеа да се врати во игра со погодокот со глава на Даниел Мојсов во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Брегалница има предност од 1-0 против Гостивар на полувремето, благодарение на голот од пенал на Фабрицио Венегас. Истиот играч претходно беше соборен за удар од белата точка.

Работнички води со 1-0 против Македонија на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари благодарение на голот на Велковски од слободен удар, кој мајсторски погоди за предност.


Шкупи дојде до водство против Силекс од 1-0 со голот на Михаил Пинтер директно од слободен удар во самиот финиш од првиот дел.


ПРВА ЛИГА – 3. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 1-0
Венегас 10′(п)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Велкоски 21′
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС 1-0
Михал Пинтер 45′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-2
Мојсов 45′ – Чинари 24′, Елези 37′
Охрид: ВОСКА – ВАРДАР 2-0
Јашаровски 26′, 32′
УТРЕ (17 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...